Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
Виадукт Трејд известува дека на ден 24.08.2021 година (вторник) во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај, во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница (од браната).
Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.