Спасовски: Споделувањето повеќе информации за двојното убиство не е добро за истрагата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на СВР-Куманово, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека не може да споделува повеќе информации за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, бидејќи тоа не е добро за истрагата. Коментирајќи ја информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства.
Спасовски информираше дека во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство, а кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство.
– Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски.
Дума.мк