Спасовски: За само два месеца запленети над 2 тона марихуана
Објавено на 11 февруари, 2022 во 10:47
За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра – врвен приоритет на МВР останува борбата против недозволената трговија со дрога, пишува на својот Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Добрата стратешка поставеност на МВР овозможи ефикасен и координиран одговор, со краен резултат сериозен успех во борбата против недозволената трговија со дрога, потенцира министерот.