Тврдењата на адвокатот Игнат Панчевски нема да ги опфати босанската истрага за кингерот!?
Новата истрага нема врска со адвокати,вака одговори претседателот на Комисијата за воздухопловство при Министерството за транспорт и комуникации на БиХ, Омер Кулиќ на новинарско прашање од босанското дописништво на турската агенција „Анадолија“, дали новата истрага ќе ги опфати и новите докази на кои укажа адвокатот Игнат Панчевски. Дали ќе има обновување на истрагата ќе се знае во наредните два до три дена,изјави Кулиќ.
Во месец јули Македонија до Босна и Херцеговина достави документ со нови сознанија за падот на претседателскиот кингер во близина на Мостар а на кој работеа неколку експерти,пилоти и правници.Извештајот покажа многу пропусти во истрагата на босанските воздухопловни власти.
На 26 февруари 2004 година владиниот „кингер” со кој патуваше претседателот Трајковски на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина се урна во близина на Мостар. Во несреќата покрај претседателот Трајковски загинаа и осум негови соработници.