Од Владата, градоначалникот на Севран изнуди финансиска помош!
Објавено на 16 ноември, 2012 во 08:59
Успеа штрајкот со глад на градоначалникот на францускиот град Севран, Стефан Гатињон. Владата вети дека ќе го исполни неговото барање. По шест ноќи на улица градоначалникот си го спакува шаторот и си замина од платото пред зградата на Парламентот во Париз.
На заминување градоначалникот Гатињон на новинарите им изјави дека жали што состојбите отишле предалеку но, морале да се случат. Тој доби ветување дека владата ќе испрати вонредна помош за неговото сиромашно гратче кое се наоѓа недалеку од Париз.
Градоначалникот на Севран, бараше од државните властите помош од пет милиони евра за својата општина, наведувајќи дека економската криза ја довела на работ на пропаст.