Санадер проглсен за виновен
Иво Санадер е прогласен за виновен за аферите Хипо и Мол, и е осуден на 10 години затвор за воено профитерство и предавство на националните интереси. Тој ќе мора во рок од 15 дена на државата да ѝ плати 3,5 милиони евра.
Со оваа пресуда, Санадер е првиот премиер од просторот на бивша Југославија кој е осуден за воено профитерство.
Поранешниот хрватски премиер за првото обвинение доби 3 години и 6 месеци затвор, додека за втората точка од обвинението му е одредена казна од 7 години и 6 месеци робија.
Судот воедно побарал компанијата Диоки Холдинг на Роберт Језиќ во државната каса да уплати 5 милиони евра.
„Истражната постапка неспорно докажа дека Хипо банката дала кредит во износ од 140 милиони шилинзи. Вие тоа не го порекнувате, ама истакнувате дека нема причина за покренување казнена постапка, бидејќи ако е дадена провизија не е оштетена Република Хрватска, но негирате дека вие сте примиле провизија. Сепак, утврдено дека ви е исплатена провизија од 7 милиони шилинзи (3,5 милиони евра), што потврдија и неколку сведоци. Ставивте приговор на обвинението дека станува збор за воено профитерство, но вашата одбрана е отфрлена”, истакнал судијата Турудиќ.
Како што објавија повеќе Хрватски медиуми…поранешниот премиер во уште неколку случаи се терети за корупција. Санадер мирно и без никакви коментари ја сослушал пресудата, која има право да ја обжали во Врховниот суд.