Предбожиќната треска во САД руши рекорди!
Објавено: 26 ноември, 2012, во 10:03 часот
Денот на благодарноста, Црниот Петок и предбожиќната шопинг атмосфера се само дел од причините за зголемената потрошувачка во САД која руши рекорди и најавува добар празничен амбиент.
Според информациите од (NRF), Националната малопродажна федерација , потрошувачката за Денот на благодарноста изнесува 13% повеќе од изминатата година. Додека на таканаречениот „црн петок“ е забележан пад од 1,8% од вообичаената продажба, но затоа падот е повеќе од надокнаден со Интернет потрошувачката.
