Соседско „препукување“!

Објавено на 19 јануари, 2013 во 16:09

 

Можеби никогаш нема да влезете во ЕУ, им се закани на Хрватите од Љубљана шефот на дипломатијата Карл Ерјавец. Вие нема да излезете на Јадран, одговори градоначалникот на Риека, Војко Оберснел.

Градоначалникот Оберснел, на твитер профилот, остро се пресмета со Словенците и со најавите на словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец дека Хрватска „можеби никогаш нема да влезе во Европската унија“.

„Дојде време конечно некој да им каже. Можеби ние нема да влеземе во ЕУ но, ниту вие нема да можете на Јадран,„ напиша Оберснел.

Пресметката на друштвената мрежа ја предизвика изјавата на Ерјавец и да се пронајде решение за „Љубљанска банка“ Хрватска не ке може да влезе во Европската унија на 1 јули, годинава.

Бидејки на ЕУ не и се приоритет идните проширувања, Ерјавец смета дека може да се случи Хрватска никогаш да не стане полноправна членка на Унијата.

После жестоката расправа предизвикана од пораката на Оберснел, градоначалникот на Риека го ублажи тонот и рече дека Словенците и Хрватите се пријатели  и дека неговата порака пред се била упатена на министерот.

„Знам дека мнозинството Словенци не мислат како министерот  Ерјавец но, зошто никој не реагира на неговата изјава,“ рече Оберснел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.