Снежно невреме во Париз, Франкфурт, Лондон!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 06:44

Над 30 сантимиетри достигна снежната покривка во главниот град на Франција, Париз. Интенивните врнежи кои започнаа синоќа предизвикаа проблеми во сообраќајот.

 

Жителите на Париз одамна не биле сведоци на вакви врнежи од снег, а од ситуацијата најзадоволни се туристите.

Снегот направи проблеми и во Германија. На најпрометниот  европски аеродром во Франкфурт биле откажани 130 летови, а лондонскиот аеродром „Хитроу“ вчера откажал 20 проценти од летовите поради снегот во британскиот главен град Лондон.

Според метеоролозите, снежните врнежи веројтано ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.