Тинејџер во Америка изврши петкратно убиство!

Објавено на 20 јануари, 2013 во 21:14

Властите на американската сојузна држава Њу Мексико соопштија дека во градот Албакерки во една куќа петнаесет годишен тинејџер од огнено оружје убил две возрасни лица, маж и жена како и три деца, три девојчиња и едно момче.

Портпаролот на полицијата на местото Берналијо, Ерон Вилијамс, изјави дека досега не се познати мотивите на убиецот ниту пак неговата поврзаност со жртвите.

Малолетниот убиец е уапсен и ќе биде обвинет за убиство и злоупотреба на деца со смртни последици, изјави Вилијамс.

Инспекторите на полицијата се обидуваат да утврдат кој е сопственик на неколкуте вида на оружје кои што биле пронајдени во домот во кој што е извршено убиството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.