Шеснаесет патници повредени во авион кој излета од писта во Рим!

Објавено на 3 февруари, 2013 во 09:34

 

Авион од типот АТР-72 на романската авиокомпанија „Карпатер“ синоќа при слетување излета од пистата на аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим. Шеснаесет патници се повредени.

 

Двајца од нив итно се пренесени во болница со посериозни повредени. Останатите се здобиле со  помали фрактури или нагмечувања. Сите повредени се надвор од животна опасност.

Претставник на аеродромските власти информира дека причина за излетувањето на авионот бил силниот ветар кој дувал во регионот на Рим.

Во авионот, кој летал на релација Пиза-Рим, имало околу 50 патници и членови на екипажот.

Авиокомпанијата „Карпатер“ е со седиште во западнороманскиот град Темишвар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.