Кампања: Лондон е тмурен, не доаѓајте!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 22:35

Англија започнала негативна кампања за својата земја со цел на крајот од годината да се спречи бран од имигрантен бран од Романија и Бугарија.

“Имигранти не доаѓајте во Англија. Тука секогаш врне дожд , нема работа, а и кога има, заработката е слаа“.

После олимпискиот сјај, кога англичаните ја издигнуваа својата земја во светска големина, сега во Лондон размислуваат таа слика да порасипат. Негативната кампања за тмурното време и дождот, без вистинско лето би требало  да ги уплаши имигрантите од Бугарија и Романија, пишува лондонски “Гардијан“.

Англија се плаши дека до крајот на оваа година би стигнале 250.000 до 425.000 работници од овие две земји. Имигрантскиот бран во 2004 година им донесе голем број работници од поранешна источна Европа кои имаа право да конкурираат за работа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.