Силна бура го погоди централниот дел на САД!
Силна зимска бура денеска погоди неколку држави во средниот дел на Соединетите Ајмерикански држави и предизвика големи снежни врнежи и леден дожд, полека преместувајќи се кон исток.
Американската метеоролошка служба утринава соопшти дека паднале 38 сантиметри снег во некои западни делови на Колорадо и на југозапад во Ново Мексико и предупреди дека во околните региони се очекуваат врнежи на околу 30 сантиметри снег.
Дел од државата кој се наоѓа на опашката од бурата, соочен со ледениот дожд, посебно во југот на Арканзас е во состојба на приправност.
Состојбата е слична и над Мисури каде падна 25 сантиметри снег измешан со дожд.
„Мисури е подготвен да им помогне на граѓаните и да распореди ресурси за сигурност на сите,“ изјави гувернерот на државата Џеј Никсон повикувајќи ги граѓаните да се иселат во колку е тоа неопходно.
Соседниот Канзас, во средишниот дел на Соединетите Американски држави, ги затвори државните институции, барајќи од вработените „ако не се неопходни“ да не излегуваат. Истото го сторија и неколку училишта.
Во некои области вијулицата била толку голема што им создала проблеми на возилата на итната медицинска помош да ги превезуваат пациентите до болница.
Метеоролошките служби ги предупредија граѓаните во овие региони на „многу мала видливост“ на патиштата како и на „опасни услови за возење“.
„Најголеми количини на мраз се очекуваат на стеблата, електричните кабли и автопатиштата„, прецизираа службите./A.J