Изрешетен црногорски нарко бос!
Црногорецот Марко Љубиша е ранет од автомобил во движење во Нов Белград во ул Владимир Поповиќ.
Повредениот самиот дошол до автомобил и побарал помош,изјави утрово портпаролката на градската служба Нада Мацура.
-„Во амбулантата на ул.Франш Депер влезе маж на возраст околу 45 години со прострелни рани по телото.Веднаш му е пружена лекарска помош,изјави Мацура.
Лекарите констатирале дека има четири рани од огнено оружје а по укажаната лекарска помош во автомобилот на Итната помош е префрлен во Ургентниот центар.
Спрема зборовите на др Мацура ,ранетиот маж е донесен со такси до амбулантата во Градскиот завод за Итна медицинска помош.По влегувањето веднаш им рекол на лекарите дека е погоден и почнал да се соблекува.Лекарите констатирале дека има две прострелни рани во вратот,повреда во стомакот и еден куршум кој му ја погодил десната клучна коска.На ранетиот му е приклучена инфузија и по интервенцијата е префрлен во стабилна состојба во Ургентниот центар.
Според пишувањата на Курир,ранетиот е црногорец Марко Љубиша наречен Кан.На полицијата и е познат од порано,ранет е во Белград,пред Арена, по натпреварот Партизан Панатенаикос во 2009 год.Тогаш се здобил со прострелна рана во вратот а полицијата заклучила дека станува збор за некои негови нерасчистени криминални сметки.За неволјата да биде уште поголема,тогаш залутаниот куршум завршил во грбот на случајна минувачка која исто така била наанатпреварот.Тој е роден во Црна Гора одговарал за разбојништва а неговото име се доведува во врска со нарко бизнисот не само дома туку и ширум Европа./ Б.Н.Т
Извор: Танјуг,Бета,Курир
