Балканот како пазар за оружје!

Објавено на 3 март, 2013 во 14:11

Наоружувањето од просторите на бивша Југославија е задолжителен декор на војните и мафијашките судири во светот.

Рачните минофрлачи и мини кои од Хрватска стигнале на сириските бунтовници а за што пишуваше и Њујорк тајмс ,како и францускиот извештај дека повеќе од една третина од вкупното илегално оружје во ЕУ потекнува од територијата на бивша Југославија ,е само врв на ледениот брег на бизнисот вреден милијарди евра.

 

Како е можно толкава количина на оружје од овие простори илегално или полуилегално да заврши во рацете на разни криминални и војни организации?

Според зборовите на др.Милан Мијалковски,професор на Факултетот за безбедност во Белград,спорното оружје во Сирија стигнало од Хрватска како облик на „државен шверц“.

-” Во прашање е извоз на оружје кое од Хрватска со благослов и посредство на Америка и покрај ембаргото го извезила во Сирија.Јавно тоа никогаш и не се случило а во стварност е дека парите на Хрватите им стигнале преку Саудиска Арабија,оружјето е пратено во Јордан,од каде е испратено на бунтовницте во Сирија,објаснува Мијалковски.

Според него просторот на бивша Југославија станал магацин  на разни оружја заостанати од воените дејствија во деведесеттите години од минатиот век,од времето на ЈНА. Со распадот на СФРЈ и војните кои се водени на овие простори Балканот станал вистински пазар за различни системи на вооружување.

Во извештаите на Француската амбасада стои дека во земјите на ЕУ во главно во оптек е старо оружје од времето на судирите во бивша Југославија а дека купувачите главно се криминалци,често поврзани со трговија на дрога.Секоја година во ЕУ на црно се продаваат големи количини на оружје произведени во „Застава“ а посебно барани се калашњикови кои доаѓаат од Србија и на Запад се продаваат по повеќе пати високи цени.

Извор: smedia.rs

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.