По влезoт во ЕУ, ХДЗ во Хрватска ќе бара предвремени избори?
„На Владата не можеме да и дадеме преодна оценка,зашто се покажа дека Планот 21 бил измама,ништо од тоа не реализираа,“рече првиот човек на ХДЗ, Томислав Карамарко.
Претседателот на ХДЗ,најсилната опозициска партија вели дека во оваа тешка ситуација бесмислено е да се брка некој рејтинг и дека ХДЗ-овите политичари секогаш биле непопуларни во анкетите.
„Резултатите во анкетите се вистинити а на нив влијае,меѓу другото и презентацијата во медиумите.Овие резултати се необични и тешко е да се објаснат.Мораме да признаеме дека политиката не е популарна денеска па затоа и не не изненадуваат овие резултати“,рече претседателот на ХДЗ.
Карамарко не сакаше да ја коментира одлуката на Високиот суд на честа за исклучувањето на Јадранка Косор од ХДЗ но, појасни дека сега се создава еден поинаков ХДЗ.
„Нашата парола е криминалот и корупцијата,надвор – поинаков ХДЗ.Би сакал партијата да се гледа низ диоптрија на она што јас го работев како министер за внатрешни работи во борбата против криминалот и не прифаќаме колективна одговорност“,рече Карамарко.
Тој се осврна и на моменталниот пад на рејтингот на ХДЗ.
„ На Владата нема да и дадеме преодна оценка,ништо од ветеното не реализираше.По влезот во ЕУ ќе бараме предвремени парламентарни избори,“ рече Карамарко за ХРТ и додаде дека нема никакво придвижување со овој тим кој,според него е некомпетентен./Б.Н.Т
