Дачиќ: “Не отстапуваме ни по цена за датумот“
Објавено на 7 март, 2013 во 22:50
Дури и по цена да не добиеме датум за почеток на преговори со Европската Унија, Србија не може во Брисел да го прифати договорот со приштинските власти, ако не бидат зголемени надлежностите предложени од заедницата на српските општини во Косово,изјавил претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ.
-„Доколку не бидат зголемени надлежностите, не можеме да го прифатиме предлогот, дури и да не добиеме датум. Ние ова не го правиме заради датумот, туку заради решавање на проблемот со Косово“,изјавил Дачиќ пред новинарите во Владата на Република Србија.
Дачиќ додал дека Србија бара заедницата на српските општини да добие извршни овластувања но дека Приштина се противи на тоа./ Б.Н.Т
Извор: Бета.рс
