Комета го осветли небото!

Објавено на 8 март, 2013 во 15:28

Астрономите аматери ќе уживаат во редок спектакл, светла комета што прелетува над северната хемисфера.

Ледената маса наречена C/2011 L4, од 8-ми март ќе биде видлива со двоглед или со голо око.

Во наредните денови ќе стане уште посветла и целосно ќе може да се гледа со голо око.

Астрономите во јужната хемисфера веќе ја следат и известуваат дека телото е светло како ѕвездите во  соѕвездието Голема мечка.

Марк Бејли, директор на обесерваторијата Армаг во Северна Ирска рече: „Имаме голема надеж за оваа комета. Се разбира дека секогаш сме претпазливи-дури сега знаеме колку силна ќе биде нејзината светлина-но сеуште држиме палци“.

Кометата првпат беше откриена во јуни 2011, кога беше забележана со телескопот Панстарс на Хаваи како објект оддалечен милијарда километри.

Астрономите сметаат дека потекнува од маглината Орт, дел од вселената преполн со комети и дека милиони години патува кон сонцето.

Се смета за непериодична комета, што значи дека можеби за првпат поминува во внатрешноста на сончевиот систем и дека можеби нема да се врати.

На 10-ти март ќе биде најблиску до сонцето и ќе помине на растојание од околу 45 милиони километри./Н.Р

Извор : BBC

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.