Изборот на нов папа почнува во вторник!
Пожарникарите се качија денеска на покривот на Систинската капела за да ја завршат инсталацијата на оџакот, кој ќе има клучна улога во соопштувањето на веста за изборот на нов папа.
Изборот ќе почне во вторник на 12 март, кога колегиумот на кардиналите ќе се собере на Конклава за да го одбере наследникот на Бенедикт XVI, кој поднесе оставка.
Кардиналите во вторник претпладне прво ќе присуствуваат на миса а попладне во Сикстинската капела ќе почне Конклавата.
Вкупно 115 кардинали од цел свет ќе учествуваат во изборот на новиот папа.
За колку време ќе го изберат ќе зависи од бројот на круговите на гласање.
Папата се избира со двотретинско мнозинство, поточно со најмалку 77 гласови, во строго изолирана атмосфера од надворешниот свет.
Нема да се користат сретства за комуникација.
Гласањето е со ливчиња кои се горат по секој одржан круг.
Кога од оџакот на Сикстинската капела ќе излезе црн чад тоа значи дека гласањето нема резултат.
Белиот чад сигнализира дека е избран нов папа.
Во 2005 година, Бенедикт XVI беше избран во вториот круг на гласање. /Н.Р
