Нелсон Мендела во болница!
Објавено на 10 март, 2013 во 11:20
Властите во Јужна Африка соопштија дека Нелсон Мендела е однесен во болница на закажан медицински преглед.
Портпаролот на претседателот, Мек Махарај во изјавата нагласи дека 94 годишниот поранешен претседател во саботата попладне е однесен во болница, во главниот град Преторија.
Тој рече дека докторите прават тестови и досега посочиле дека „нема причина за аларм“.
Мендела, лидер во битката против апартхејдот, во декември минатата година помина речиси три недели во болница.
Тогаш го лечеа од инфекција на белите дробови и имаше операција за отстранување на камен во жолчката./Н.Р
Извор : GUARDIAN
