Демонстрации во Шпанија поради владините мерки!

Објавено на 10 март, 2013 во 20:06

Во шеесетина градови во Шпанија денеска демонстрираа десетици илјади демонстрираа заради високата стапка на невработеност и владината економска политика.

Најголемиот протест се одржа во главниот град на државата, Мадрид, каде демонстрантите побараа владата да ги запре мерките за штедење и да направи повеќе за намалување на невработеноста.

 

“Овде сме заради владините мерки за штедење, затоа што луѓето кои ги чувствуваат последиците секогаш се најсиромашните и затоа што владата сака да ги уништи нештата кои го помагаат развојот на државата: здравството и образованието. Бројот на невработени е толку голем што младите луѓе веќе не ја гледаат својата иднина тука“, изјави еден од демонстрантите.

Економијата во Шпанија е во втората рецесија, а стапката на невработеност е зголемена на 26%. Денешните демонстрации беа подржани и од најголемите синдикати во Шпанија./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.