Почина третиот Бугарин кој се самозапали!

Објавено на 10 март, 2013 во 21:21

Почина денеска од здобиените рани, како последица на самозапалување, третиот Бугарин.

Педесет и три годишниот Венцислав Василев, невработен татко на пет деца, им подлегна на повредите, откако пред 15 дена се поли со бензин и се самозапали пред канцеларијата на градоначалникот во градот Раднево, во Бугарија.

Тој беше примен во болница во тешка состојба со изгореници на повеќе од 75 отсто од телото.

Минатиот месец пред градското собрание во Варна се самозапали и триесет и шест годишниот Пламен Горанов.

Претходно од самозапалување почина и уште еден млад Бугарин од Велико Трново.

За него полицијата заклучи дека немал никакви политички и социјални барања па најверојатно чинот го сторил како последица на заболување од шизофренија.

Во меѓувреме протести ја тресат Бугарија како последица на лошата економска ситуација. Тие земаат се поголем замав.

Во Софија денеска демонстрантите привремено ја блокираа главната железничка станица, бидејќи властите сакаат да ја продадат бугарската државна железница.

Во Благоевград полицијата ги спречи демонстрантите целосно да го блокираат патот Е-75 кој води кон Грција./Б.Н.Т

Извор: Вести.бг/Актуално.ком

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.