Свештеници во Холандија силувале десетина илјади жени!
Објавено на 11 март, 2013 во 22:39
Свештениците од католичката црква во периодот од 1945 до 2010 година сексуално злоупотребиле десетина илјади девојки во Холандија.
Ова е објавено денес во Амстердам врз основа на податоци до кои стигнал еден независен комитет за истрага на тие дела.
Истражувачите дошле до фрапантен податок дека дури 40 отсто од анкетираните жени признале дека биле силувани од свештениците или пак од нивните помошници.
Заради тоа во заклучокот од извештајот стои дека ,за жал,не е можно прецизно да се одреди колку имало жртви./Б.Н.Т
Извор:Блиц.рс
