Нови самозапалувања во Бугарија!
Објавено на 20 март, 2013 во 16:44
Oчајни поради големата сиромаштија се самозапалија уште две лица во Бугарија. Со денешното самозапалување вкупниот број на жртви се искачи на седум.
Првата жртва е Тодор Ивчев невработен маж и татко, кој се полеа со бензин и се запали во селото Ситово. Се здобил со 90 отсто изгореници а на лекарите им изјавил дека тоа го сторил во очај.
Православната црква реагираше денеска повикувајќи ги граѓаните и верниците проблемите да ги решаваат на друг начин а не со самозапалување./Е.Н.Ј
