Зимата се врати во регионот!

Објавено на 26 март, 2013 во 21:22

Северниот дел на Србија е зафатен со силни врнежи од снег и ветер поради што е отежнат сообраќајот.

Зимски услови се прогласени на многу патишта во централна и северозападна Хрватска, а на одредени патишта е забрането движење за товарни возила. Хрватските медиуми јавуваат дека постојат забрани за движење на повеќе патишта поради големите снежни наноси.

Многу завеани патишта има и во поголемиот дел на Босна и Херцеговина. Таму на коловозите на повисоките планински предели има снег од два до пет сантиметри.

Повеќе од странски камиони биле завеани поради невремето во Унгарија./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.