Папата Фрањо не сака луксуз и вселување во папската палата!
Папата Фрањо одбил денеска да се пресели во папската палата, иако рабоитите околу реконструкцијата биле целосно завршени. Тој одлучил и понатаму да живее во домот на Света Марта во Ватикан, каде со останатите кардинали бил сместен за време на конклавата, јавува „Блиц“.
Во склад со начелата за ред, папата рекол дека не го интересира раскошот на палатата и дека таму не сакал да живее. Повеќе му годело да биде во друштво, отколку да живее сам во огромната зграда.
На денешната миса, папата Фрањо поканил поголема група гости, меѓу кои градинари од Ватикан, чистачи на улици како и новинари од ватиканскиот весник “Осерваторе Романо“.
Претставникот за односи со јавноста на Ватикан, Федерико Ломбарди рекол дека не е познато колку долго ќе трае „експериментот“ со животот на папата во домот на Света Марта.
Спрема неговите зборови, папата после долго наговарање прифатил само од собичката во која бил досега да се пресели во апартман, како би можел да прима гости.
Домот на Света Марта е изграден за во него да работат кардиналите за време на изборот на папа. Има 120 мали соби и неколку скромни апартмани./ А.Д
Извор: Блиц
