Зимата ја стегна Европа повеќе отколку во декември!

Објавено на 28 март, 2013 во 00:17

Метеороролозите од Англија предвидуваат дека ладното време ќе се задржи до втората половина на април, посебно во Шкотска и Северна Ирска. Повеќе од 3.000 луѓе во западниот дел на Шкотска немаат струја околу една недела, а патиштата се завеани со снег.

Во Северна Ирска, кралската авијација ги снабдува завеаните села веќе два дена. На друг начин неможе да се пристигне до стотина краишта каде снежните навеви достигнуваат и шест метри.

Североисточна Германија овој месец-март, имала најладно време во последните 130 години, објави тамошната метеоролошка агенција.

Со просечна температура од минус два степени во Берлин и регионите на Бранденбург и Саксонија-Анхалт, а ноќната температура се спушта и под минус 10 , март оваа  година е најладниот месец од 1881 година, од кога и официјално се мери температурата.

Претстојните велигденски празници се прогнозира дека ќе бидат поладни од Божиќ, бидејќи на 24 декември биле измерени 19 степени.

Пролетта не стигнува ниту во Шведска. Поголемиот дел од земјата е под снег.Температурата која е пониска од нормалната за овој период од годината ги принудила птиците-преселници да го одложат доаѓањето.

„Многу птици чекаат на западниот брег на Данска“ рекол претставник на Орнитолошкото здружение на Шведска, Андерс Вирдхајм.

Исто е и во Литванија, Словачка и Чешка, каде би требало температурите значително да се зголемат, но нема да го достигнатпросекот за овој период од годината.

Ладниот бран во Европа и делови на САД веќе покрена многу прашања меѓу метеоролозите. Давид Салас и Меља, климатолог во службата „Метео Франс“ рекол дека е во прашање проблематична фаза за овој вид на појава и дека ништо поконкретно неможе да каже./ А.Д

Извор: Блиц

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.