Полјаците не го сакаат еврото!
Објавено на 28 март, 2013 во 09:36
Во истражување на јавното мислење две третини од Полјаците не се согласуваат нивната земја да влезе во зоната на еврото, пренесе весникот „Зечпосполита“.
Резултатите покажале дека 62 отсто од граѓаните се изјасниле против еврото, 32 сметаат дека е прифатливо а преостанатите 6 отсто немаат став по ова прашање.
Анкетата ја спровела на 22 март, годинава, агенцијата за истражување на јавното мислење „Хомо Хомиини“ на репрезентатитивен примерок од 1.067 возрасни Полјаци./Е.Н.Ј
