Штрајк на новинарите во Би Би Си!
Поради најавените отпуштања и условувања во работа на британскиот јавен сервис денеска напладне вработените во “Би-Би-Си“ ќе стапат во 12-часовен штрајк.
Штрајкот ќе влијае на програмата на британскиот јавен сервис, вклучувајќи и емитување на вести, а синдикатите наведуваат дека станува збор за неопходни мерки за да може менаџентот “сериозно да ја сфати тежината на проблемот“.
Менаџментот на “Би- Би- Си“ изрази разочарување од одлуката за штрајк и упатил извинување до гледачите.
Управата на “Би- Би- Си“ претходно најави дека во наредните пет години во рамки на мерките за штедeње ќе укине 2.000 работни места.
Синдикатите побарале да се воведе шестмесечен моратоиум на понатамошното отпуштање на вработени, но раководството одговорило дека на тој начин ќе заштеди поголема количина на пари.
Портпаролот на британската медиумска куќа рекол дека корпорацијата во изминатите неколку недели имала “конструктивни состаноци“ со синдикатите, но дека не го променила ставот во врска со обврската да одреди технолошки вишок на вработените.
Синдикатите наведуваат дека поднеле досие за “шокантно ниво“ на мобинг на кое се изложени вработените во “Би-Би-Си“, а за што постои забелешка во рамки на внатрешната истрага наречена “Почитување на работното место“.
Вработените во “Би- Би- Си“ во рамки на Националниот синдикат на новинари последен пат штрајкувале на 18-ти февруари, кога поради запирање на работата од 24 часа бил погоден поголем број од програмите на оваа медиумска куќа.
