Корејскиот кошмар: Експертите размислуваат за потенцијален конфликт !

Објавено на 28 март, 2013 во 16:36

Сеул – Почеток на војна на Корејскиот полуостров, oва е кошмарното сценарио на Азија.

Со Кореја во срцето на Североисточна Азија, третата наголема зона во светот во економска активност по Западна Европа и Северна Америка, експертите велат дека  светскиот пазар на капитал би претрпел уништувачка колатерална штета, но катастрофалните загуби на човечки животи и потенцијалните нуклеарни последици би биле многу, многу полоши.

За среќа, ниту еден аналитичар не верува дека „Корејската војна 2“ е веројатна.

Прекинот на вооружениот   конфликт од периодот 1950-53 година што закопа милиони, продолжува да се одржува и покрај неговото поништување од страна на Северна Кореја, во март.

Со задржување на политиката на режимот во Пјонгјанг, малкумина мислат дека тој би ризикувал со напад.

Но, искуството и рационалноста на Ким Јонг Ун “ се доведени во прашање по последната ракета и нуклеарни проби, неговото поништување на примирјето и вонственото однесување –екстремно дури и за стандардите на Пјонгјанг.

И покрај поништувањето на примирјето, постојано барање на Пјонгјанг е целосен мировен договор како и директни разговори со САД кон кои Вашингтон покажа отпор претпочитајќи мултилатерални разговори.

Сега, активностите на Северна Кореја се главна грижа; толку многу што Јужна Кореја и САД неодамна објавија дека потпишале договор да направат план во случај на непредвидливи ситуации ако Северна Кореја продолжи со заканите.

Уследија заеднички воени вежби на сојузниците кои вклучија и прелет на американски B-52 бомбардери над Јужна Кореја.

Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека цел на летовите е да се осигураат комбинирани сили кои „се обучени за битка и обучени да ја користат моќта на воздушните сили за спречување на агресија“.

Очигледно, воените стратези се подготвуваат за секакви ситуации. Се чини дека и граѓаните на Јужна Кореја се подготвуваат за можен конфликт.

Институтот „Асан“, граѓанска организација од Сеул основана во 2012 откри дека граѓаните на Јужна Кореја од сите возрасни групи повеќе веруваат дека ќе има војна отколку дека таа нема да се случи./Н.Р

Извор: CNN

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.