Северна Кореја прогласи дека е ,, во војна со Јужна Кореја“!

Објавено на 30 март, 2013 во 08:16

Северна Кореја денеска прогласи дека е „во војна со Јужна Кореја“ и ги предупреди Сеул и Вашингтон дека секоја провокација би ескалирала во тотален нуклеарен судир.

„Односите меѓу двете Кореи од овој момент влегуваат во воена состојба и сите прашања меѓу двете земји ќе бидат решавани во согласност со воените протоколи,“ соопшти севернокорејската Влада.

„Долготрајната ситуација на Корејскиот полуостров која не е ниту мир, ниту војна, конечно е завршена, наведе Владата,“ додавајќи дека евентуална провокација на САД или Јужна Кореја би покренала „нуклеарна војна“.

Корејската војна (1950-53) е завршена со примирје, а не со мировен договор, што значи дека двете Кореи во изминатите шест децении технички беа во војна.

Северна Кореја во почетокот на месецот објави дека го укинува примирјето и другите билатерални мировни договори потпишани со Сеул во знак на протест поради заедничките воени вежби на Северна Кореја и САД.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.