СЕБИ побара од Субрата Рој детали за имотот, банкарските сметки и повратот на данок!
БОМБАЈ: Стегајќи го обрачот околу „Сахара Груп“, регулаторот на пазарот СЕБИ (Индискиот одбор за хратии од вредност) денеска од Субрата Рој и тројца извршни директори побара да достават детали за нивниот имот, банкарските сметки и повратот на данок најдоцна до 8-ми април, по што на 10-ти април ќе уследат поединечни испрашувања.
Деталите кои ги бара регулаторот се поврзани со продажбата на имотот на две фирми на „Сахара“ и сознанието дека со цел да ги вратат парите, извршните директори овозможиле поврат на средствата на акционерите.
Во наредбата издадена денеска, СЕБИ објави дека ќе оди до крај со испитувањето на деталите во едностраната објава за продажба, ако Субрата Рој, Ашок Рој Чудари, Рави Шанкар Дибеј и Вандана Баргава не се појават пред регулаторот.
СЕБИ ги разгледа деталите околу имотот, банкарските сметки и други финансиски информации за две фирми на „Сахара“, Sahara India Real Estate Corporation Ltd (SIRECL) и Sahara Housing Investment Corp Ltd (SHICL).
Постапката е поврзана со наредбата на врховниот суд за поврат на околу 24.000 рупии на акционерите на двете компании кога од СЕБИ е побарано да го олесни повратот на средствата.
Регулаторот издаде наредба на двете компании и нивните извршни директори откако не успеаја да ги вратат средствата до рокот даден во судската наредба.
Во наредбата од 13 февруари, регулаторот побара од нив да достават детали за имотот во рок од 21 ден.
Во денешната наредба, регулаторот објави дека компаниите и поединци не ги доставиле потребните детали согласно претходната наредба и дека затоа ќе продолжи со испитувањето на условите под кои е продаден имотот.
Од СЕБИ изјавија дека е неопходно да се испита Субрата Рој и трите други лица за да се расчистат деталите околу нивниот личен имот како и инвестициите и имотот на двете компании за да се утврди „ дали се во согласност со насоките за продажба на имот дадени од врховниот суд на 31 август 2011 година“.
Прашант Саран, директор на тимот на СЕБИ, нареди Рој и останатите лично да се појават на 10-ти април за да ги расчистат деталите околу продажбата на нивниот имот, условите во објавата за продажба на недвижен имот и нејзината усогласеност со насоките на врховниот суд./Н.Р
Извор: The Economic Times
