Ајфеловата кула, синоќа, евакуирана!
Објавено на 31 март, 2013 во 08:50
Анонимен јавувач се заканил дека во кулата е поставена бомба, информираше полицијата.
Околу 1.400 туристи ја следеле објавата на безбедносните служби да се оддалечат од кулата.
Потоа париската полиција ја пребарала Ајфеловата кула со кучиња-трагачи, но никакви експлозивни направи не биле пронајдени, по што туристичката атракција била повторно отворена.
Француските власти во последните недели ги зголемија своите антитерористички мерки, по заканите добиени поради француската воена кампања против борците во Мали поврзани со Ал Каеда, а која започна пред повеќе од два месеца.
