Нов сој на птичји грип усмрти две лица!

Објавено на 31 март, 2013 во 10:58

Две лица од Шангај починале по заразувањето со нов сој на птичји грип, кој е означен како H7N9. Овој сој досега не се пренесувал на луѓето.

Двајцата Кинези, едниот 87 а другиот 27-годишник, се разболеле во февруари, а од последиците од заболувањето починале на почетокот од март. Уште една жена во соседната покраина Анхуи на почетокот од март била заразена од истиот сој вирус и се наоѓа во критична состојба, пишува Синхуа повикувајќи се на кинеската Државна комисија за здравје и семејно планирање.

Висока температура и кашлица кои се развиваат во воспаление на белите дробови се главните симптоми од овој грип. Сé уште не е познато на кои начини трите жртви се заразени со овој вирус, бидејќи досега се сметаше дека не е високо заразен. Сé уште, исто така, не постои вакцина против вирусот H7N9./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.