Србија со помош за своите граѓани!
Не е првоаприлска шега. Србите кои се социјално загрозени од денеска ќе имаат право на бесплатна струја и гас јави агенцијата Танјуг.
Граѓаните кои ќе добијат статуст енергетски заштитен потрошувач оваа бебефиција ќе ја имаат една година, по тој рок ќе мора да се обнови барањето.
Околу 350 илјади луѓе ќе имаат право да добијат меѓу 120 и 250 кв/часови бесплатна струја месечно и од 35 до 75 кубни метри гас месечно за време на грејна сезона.
Заштитениот статус ќе може да го загубат ако месечната потрошувачка на струја и гас им е 2,5 пати повисока од лимитот.
Проценките се дека таа бенифиција ќе ја чини државата меѓу 30 и 40 милиони евра годишно.
Србија се покажа како држава која мисли на своите граѓани. Покрај овие бенефиции за сите граѓани деновиве најави дека ја укинува радиодифузната претплата за РТС и националниот сервис ќе го финансира од буџетот./А.Д
