Лондон изненаден од априлскиот снег!

Објавено на 4 април, 2013 во 19:25

Жителите на Лондон и на други делови од Велика Британија силно се изненадија од врнежите од снег на почетокот на април.

Денес таму температурите беа помеѓу 3 и 5 степени. Снег сеуште паѓа во јужните и источните делови на островот како и во Лондон.

Британските власти прогласија жолт код, за неповолни временски услови.

Иако снегот се топи веднаш сепак предизвикува проблеми во сообраќајот.

Според метеоролозите се очекува да има затоплување наредната недела. Тие предвидуваат дека е ова вториот најстуден март откако во земјата се евидентираат податоци.

Во 1919 година бил регистриран најстуден март  во Велика Британија кога била измерена просечна температура  од околу 2 степени Целзиусови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.