Во Бугарија тридневни молитви!
Низ државата во православните и католичките цркви, џамиите и синагогите утре и в недела ќе се одржат специјални молитви.
Поради бранот самозапалувања, како израз на револт против сиромаштијата, православната црква изрази загриженост а неодамна избраниот патријарх Неофит им порача на верниците под никакви околности да не си го одземат животот.
Молитивите за починатите граѓани, кои си го одзедоа животот, следат по одржаниот состанок на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев со старешините на православните цркви и на муслиманската, еврејската и католичката заедница.
„Ние мора да имаме поголема надеж и да веруваме дека сепак можеме да се извлечеме од оваа ситуација,“ рече Плевнелиев. Тој посочи дека од сите овие предизвици треба да се извлече лекција и повеќе да се верува и додаде дека народот има потреба од поголема солидарност и хуманост.
