Путин: ЕУ е виновна за Кипар!

Објавено на 5 април, 2013 во 21:23

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Европската унија дека е одговорна за кризата на Кипар.

„Донекаде сум задоволен,зашто кризата на Кипар покажа неефикасност и нестабилност на западните финансиски институции,“  изјави Путин во интервју за германската телевизија АРД пред време на посетата на Германија и Холандија на 7 ми и 8 ми април, годинава.

-„Дали ја направивме ние таа оф шор зона?ЕУ ја направи.Всушност ја направија властите на Кипар а ЕУ тоа го дозволи,“ додава Путин.

Поради поволниот даночен систем бројни руски претпријатија се регистрирани на Кипар и многу граѓани на Русија сега ризикуваат да изгубат голема сума на пари,па затоа Путин ги повика Русите да вложуваат во својата земја.

“Сите кои се погодени со кризата на Кипар треба да се свртат на нашите финансиски институции и ќе ги сочуваат парите во нашите банки“,изјави рускиот претседател.

Властите во Русија за приоритетит ја одредиле борбата против одливот на рускиот капитал.Спрема објавените податоци на Кипар се наоѓаат 31 милијарда долари кои потекнуваат од Русија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.