Проблемите во нуклеарката „Фукушима“ продолжуваат!
Од подземните резервоари на нуклеарната централа „Фукушима“, истекле 167 тони радиоактивна вода загадувајќи го околното земјиште, објави денеска претпријатието „Токио Електрик Пауер Компани“ (ТЕПКО).
Од вкупниот капацитет на резервоарите на нуклеарката досега е истечена вода само 1,5 проценти,пишуваат јапонските медиуми.Од компанијата велат дека радиоактивната вода засега останува во почвата околу нуклеарката и не достигнала до океанот кој е на оддалеченост од околу 800 метри. Радиоактивноста на водата е проценета на 5.900 бекерели на сантиметар кубен.
ТЕПКО претпладнево информира дека водата која се користи за ладење на реакторите, почнала да истекува од еден од седумте резервоарите на централата, а не се знае причината за истекувањето.
„Фукушима“ за време на земјотресот и ударот на цунами бранот доживеа хаварија во март 2011 година./ Б.Н.Т
