НАСА „лови“ астероид во нова мисија !
НАСА планира со роботско летало „да фати“ мал астероид и „да го паркира“ покрај Месецот,за да можат астронаутите да го испитуваат.
Вселенскиот брод би требало да зароби 500 тони тежпок астероид во 2019 година а потоа со помош на Орион капсула екипаж составен од околу четири астронаути ќе го испитуваат „каменчето“.Сенаторот Бил Нелсон вели дека Барак Обама вложува 100 милиони долари од буџетот за 2014 година за оваа мисија.Парите ќе бидат употребени за пронаоѓање на помал астероид кој исто одговара.
“Тоа е паметен концепт.Ќе пронајдете идеален кандидат меѓу астероидите а потоа роботски го привлекувате доволно блиску за да го проучувате“,вели Нелсон.
Ова ќе биде прв пат човек да манипулира со вселенски објект со толку големи димензии,вели Роебрт Браун,професор на Технолошкиот институт во Џорџија.
“Тоа е одлична комбианција на нашите роботски и човечки способности“вели Браун.
Минатата година Кек институтот за вселенски студии и понудил слична мисија на НАСА по цена од 2,6 милијарди долари.Уште нема проценка на трошоците за верзијата на патувањето на вселенската агенција.
Роботскиот брод треба да има високо технолошки соларен мотор како би го влечел „каменот“ низ вселената но научниците сепак сметаат дека таква технологија може да се направи.На астероидот нема да има гравитација па астронаутите кои ќе го испитуваат ќе мора да лебдеат над него.Благодарение на оваа мисија НАСА би требало да најде начин да се спаси од било кој опасен астероид кој во иднина би и се приближил на Земјата.Исто така ќе биде и добра подготовка за испраќање на астронаути на Марс кое се очекува во триесеттите години од овој век.
Б.Н.Т
