Уганда забранува мини здолништа !
Властите на Уганда ќе предложат забрана на носење на облека над колена како би ги заштитила женските права а „Законот против порнографија„ покрај облекувањето би опфатил и цензура на филмови како и контролирана употреба на интернетот.
Овие мерки кои ќе ги разгледа владата на Уганда како би се заштитиле женските права ,би донеле до тоа жените кои во јавност носат здолништа над колена би можеле да бидат уапсени и осудени на затворска казна.Аналитичарите кои имале увид во предлог законот велат дека ова би ја вратило повторно земјата во времето на диктаторот Идиј Амин кој со декрет забранил носење на мини здолништа а владиниот закон би опфатил и забрана и цензурирање на многу филмови и телевизиски серии кои не се во склад со него.Овие мерки исто така би опфатиле и лично користење на интернетот кој внимателно ќе биде надгледуван од страна на владини службеници.
Еден од министрите во владата овие планови ги објаснил како заштита на женските права и дека ќе биде забрането какво било непристојно облекување а посебно изложување на интимните делови на телото кои предизвикуваат еротска желба.
“Се што е над колена е забрането ако жена носи мини здолниште,ќе биде уапсена“,додаде тој.
Ѕвездите како Бијонсе и Мадона ќе бидат протерани од телевизија,соопшти министерот Симон Локодо,поранешен католички свештеник и најголем поддржувач на овој закон.
Локодо изразил уверување дека законот многу брзо ќе биде усвоен но спрема некои други информации некои од членовите на парламентот изразиле страв дека тој закон би можел да ја загрози уставно загарантираната слобода.Тие исто така стравуваат дека некои традиционални обичаи во Уганда би можеле да бидат прогласени за порнографски иако се втемелени во секојдневниот живот на жителите на Уганда со децении.
