Чиле: Есхумирани посмртните останки на поетот Пабло Неруда!
Со цел да се расчисти енигмата, вчера, на Исла Негра започна есхумацијата на остатоците на поетот Пабло Неруда кој почина во септември 1973, неколку дена по државниот удар на Аугусто Пиноче.
Експертите од судска медицина како и претставници на полицијата, на 7-ми април пристигнаа на лице место и поставија шатор околу криптата.
По првите работи на есхумација, денеска чилеанските стручњаци ќе ги подигнат остатоците на поетот под надзор на судијата Марио Кароза.
Минатиот јуни, судијата го отвори досието за контроверзната смрт на писателот и дипломат, добитник на Нобеловата награда за литература во 1971 година.
Неруда, според официјалната верзија починал од рак на простатата, на 23 септември 1973, дванаесет дена по пучот против неговиот пријател, социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде.
Но, последните сведоштва доведоа до преиспитување на оваа теза и евоцираа убиство по наредба на диктатурата, за да спречат во азилот што го планирал, Неруда да стане престижен опозиционер.
Поранешниот личен секретар и шофер на Неруда, Мануел Араја потврдил дека кога неговиот шеф бил хоспитализиран, примил мистериозна инјекција неколку часа пред смртта.
Чилеанската комунистичка партија која е убедена во неговото убиство минатиот декември побара правда преку есхумација на останките на поетот./Н.Р
Извор: Le Monde
