Индија: Родители напуштија петгодишна жртва на силување!
Илјадници демонстранти во Индија се судрија со полицијата барајќи да се решат случаите на сексуално насилство во земјата.
Петгодишно девојче, жртва на силување е напуштено од родителите и оставено во водечка индиска болница, беше објавено на протестите против растечкото сексуално насилство во земјата. Информацијата ја откри лидерот на опозицијата Сушма Суарај по посетата на болницата во Њу Делхи каде отишол да види друго петгодишно девојче што било оставено да умре откако ја киднапирале, силувале и мачеле.
Ова коинцидираше со жестоките протести во главниот град каде демонстрантите се судрија со полицијата, а расте лутината поради начинот на кој властите во земјата ги решаваат овие случаи.
Жртвата која ја посети Сурај е донесена од локална установа во критична состојба. Д.К Шарма од Индискиот институт за медицински науки рече дека денес нејзината состојба е подобрена и стабилна откако добро реагирала на третманот.
Таа исчезна на 15 април, а два дена подоцна ја нашле соседите кои го слушнале нејзиниот плач во заклучена соба во Њу Делхи, во истата зграда каде живеела со семејството. Девојчето кое претрпело брутален напад е пронајдено само.
Вчера, 24 годишен маж е уапсен во источната област Бихар, на над илјада километри од главниот град . Тој бил уапсен, испрашуван, а потоа донесен во Њу Делхи.
Настанот се случи четири месеци по фаталното силување на млада жена што банда го изврши во автобус во Делхи. Случај што покрена бран незадоволство во Индија поради лошиот третман на жените.
Втор ден по ред, демонстрантите се собраа пред седиштето на полицијата во главниот град лути поради обвинувањата дека полицијата ги игнорирала поплаките на родителите на последната жртва. Се зборува дека полицајците се колебале да го истражат исчезнувањето и на семејството му понудиле 2000 рупии да молчи.
Околу 100 демонстранти на партијата Баратија Јаната исто така вчера протестираа пред домот на претседателот на водечката партија во парламентот, Соња Ганди.
Телеграф објави дека Суарај, лидер на партијата Баратија Јаната по излегувањето од болницата каде отишол да ја види малата жртва изјавил „Видов уште едно петгодишно дете во соседната соба. И тоа е жртва на силување. Била напуштена на АИМС кампусот. Вели дека татко и влечел рикша. Мајка и и недостига, но не сака да се врати дома. Лекарите ми кажаа дека само пред неколку дена, згрижиле машко дете што било жртва на содомија. Минатиот август, во болницата било згрижено и едно 11 годишно девојче со сериозни внатрешни повреди откако била силувана од некоја банда. Мислам дека треба да ги обесиме овие криминалци и да ги спасиме нашите деца“.
Премиерот Манмохан Синг повика на промени во однесувањето кон жените во Индија каде од минатиот декември се водат жестоки дебати. Дебатите околу лошиот третман на жените започнаа по бруталното силување во декември минатата година./Н.Р
Извор: Daily Mail