Џохар Царнаев го откри мотивот за нападот во Бостон!
Џохар Царнајев проговори пред истражните органи и вината за нападите ја префрли врз неговиот починат брат Тамерлан.
Тој ја испланирал целата операција за нападите на Бостонскиот маратон чија цел била „одбрана на исламот“. Џохар негирал дека тој и брат му биле дел од терористичка организација.
Него полицијата го сослушала во болница во присуство на судијката Боулер. Поради повредите тој неможел да зборува и комуницирал со климање на главата и пишување.
Против 19-годишниот Царнаев се подигнати обвиненија за масовно убиство на луѓе во бомбашки напад кога загинаа три лица, а повеќе од 180 се повредени. Тој е обвинет за користење на оружје за масовно уништување, како и за злонамерно уништување на имот, што предизвикало смрт.
За овие дела предвидена е смртна казна или доживотен затвор.
