Немирите во Шведска го доведоа во прашање идентитетот !

Објавено на 27 мај, 2013 во 10:25

Немирите кои  полека стивнуваат направија помала штета од оние во Париз и Лондон каде исто така беа вклучени емигранти, но ја потресоа Шведска која има репутација на земја каде емигрантите и   барателите на азил  се добредојдени вклучувајќи ги оние што бегаат од насилство во земјите како Ирак, Сомалија и Сирија.

Шведска редовно е високо рангирана како едно од најсреќните места на светот, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Ева Брумстер, директорка на основно училиште се обидува да разбере зошто некој би палел училиште.  За неа тоа е несфатливо и смета дека пироманите сигурно немаат среќен живот.

Минатонеделните немири во Стокхолм кога тинејџери трчаа низ улиците и маваа со камења  ги натераа Швеѓаните да мислат  што тргнало на лошо во нивното општество кое вложува толку многу за да им помогне на непривилегираните. Концентрацијата на насилства се случи во сиромашните квартови и покрај фактот што жителите се заштитени од тешка сиромаштија преку еден од најскапите системи на социјални услуги во светот.

Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд немирите ги окарактеризира како хулиганство, а шведските демократи побараа депортација на недомородните Швеѓани што го прекршиле законот. Од опозициската лева партија велат дека богатите се богатат уште повеќе, а сиромашните се уште посиромашни.

Но, според „Њујорк Тајмс“  емигрантските квартови на Стокхолм воопшто не изгледаат сиромашно. Предградијата со нови домови, добро одржувани паркови, јавни услуги, опремени училишта, центри за млади, библиотеки и голем број социјални работници ги финансира државата.

Проблемот се лоцира во недостигот на работа. И покрај тоа што стапката на невработеност во Шведска е 8%,  кај емигрантите тој процент е речиси удвоен и 4 пати повисок кај лицата на возраст над 25 години. Според некои од мигрантите има многу луѓе без работа но тоа не е причина да фрлаат камења и да палат автомобили./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.