Судар на воз и камион кај Балтимор предизвика експлозија!

Објавено на 29 мај, 2013 во 06:59

Сударот на теретен воз кој излезе од шините со камион, во околината на Балтимор, предизвика силна експлозија која ги урна и запали околните згради и ги стресе куќите во круг од половина километар, соопштија противпожарните служби.

Во несреќата потешко повреден е возачот на камионот но не е во животна опасност. Возот и камионот се судрија кај местото Вајт Марш кога од шините излетаа најмалку 15 вагони, а два се превртеа, рече шефот на регионалната противпожарна служба.

Властите на друштвената мрежа Твитер ги советуваа жителите од најмалку 20 околни блокови да ја напуштат областа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.