Словенија: Во среда пресуда за Јанес Јанша!

Објавено на 3 јуни, 2013 во 20:31

Пред првостепениот суд во Љубљана, денеска, со завршните зборови на обвинетите и нивните адвокати заврши судењето во аферата „Патриа“ а пресудата треба да биде објавена во среда, јави ХТР.

На судењето кое почна во септември 2011 поранешниот премиер Јанез Јанша, бригадирот на словенечката војска Тоне Кркович и директорот на фирмата „Ротис“ Иван Чрнкович се бранат од обвинение според кое финскиот производител на војна опрема „Патриа„ им ветил и делумно исплатил незаконска провизија.

Таа била наменета за словенечки цивили и војни функционери за потпишаниот договор со кој „Патриа“ добила можност за набавки на оклопни транспортери за словенечката војска вредни 278 милиони евра.

Обвинителот Ферлинц на рочиштето минатиот понеделник предлозил Јанша да биде осуден на 2 години затвор и да му биде изречена парична казна во висина од 37.000 евра бидејки смета дека докажал како поранешниот словенечки премиер земал незаконска провизија. Притоа се повикал на истрага за истиот случај водена од страна на обвинителствата во Финска и Австрија.

За останатите обвинети Ферлинц предложил казна од по 22 месеци затвор и парична од по 37.000 евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.