Британски пар спасен од киднапери!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 08:26

Лондонска брачна двојка киднапирана за откуп од 300.000 фунти е спасена откако британската полиција ги здружи силите со индиските власти. Двојката беше киднапирана на 29 мај годинава во Ченај и ги држеа во заложништво барајќи откуп од 300.000 фунти.

Портпаролот на Скотланд Јард отврди дека брачната двојка е во Лондон, пренесе Гардијан. Британската полиција започна истрага со нивните колеги во Ченај по дојавата дека брачниот пар со потекло од Шри Ланка е киднапиран.

Поддршка на полициската истрага дадоа и членовите на семејството во Лондон.

Индиското издание на Хералд објави дека ќерката на брачната двојка која живее во Лондон се обратила до полицијата  откако киднаперите и се јавиле и барале откуп за нејзините родители.

Брачниот пар отпатувал во Шри Ланка на свадба по што заминале во Индија на деветдневна туристичка прошетка. Биле киднапирани откако им испратиле возило да ги земе од хотелот. Тие мислеле дека се работи за такси служба и влегле во возилото.

Двојката е спасена во селото Мандаракупам, на 180 километри од Ченај. Полицијата во Ченај соопшти дека бандата киднапери оперирала и во Лондон и во Индија за да го спроведе киднапирањето. Неколку лица се упасени./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.