Почина најстариот човек во светот

Објавено на 12 јуни, 2013 во 08:52

Во 116 –та година од животот почина најстариот човек во светот, јапонецот Џироемон Кимура.

На 19 април тој го прослави својот 116-ти роденден и со тоа се запиша во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек на светот.

Кимура е роден на 19 април 1897 година и во декември минатата година е прогласен за најстариот човек на планетава, откако почина претходната носителка на оваа титула, која беше американска државјанка.

Јапонецот има седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 праправнуци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.