Сараево:Загина дете уште четири се повредени!

Објавено на 16 јуни, 2013 во 19:12

Во експлозија која се случи во сараевската населба Хаџичи во БиХ загина едно и повредени се уште четири деца. Тие според првични информации играле и пронашле неексплодиран експлозив кој се активирал.

Полицијата била известена во 17 часот дека во улицата Жуновачка 84 дошло до експлозија од сктивирана непозната експлозивна направа.

Во клиничкиот центар во Сараево биле примени четири деца изјавила портпаролката на болницата Билјана Јандриќ. Таа рекла дека децата биле примени околу 71 и 30 часот.

– Едно дете има тешки повреди во стомакот и се наоѓа во операциона сала а друго дете има интерцеребрално крварење и е сместено на клиниката за неврохирургија, на одделението за интензивна нега, каде состојбата постојано му се следи- рече Јандриќ.

Таа соопшти дека третото дете е упатено на клиниката за максилофасцијална хирургија а четвртото има скршеници на меките ткива на надлактицата и десното рамо па е упатен на Клиниката за ортопедија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.